

Вечните романтичари и љубители на розевата боја, денес може безгрижно да го следат светот низ розевите наочари, не обраќајќи внимание на скептиците.
Розевата палета на боја и оваа година е во тренд, а нејзината присустност во ентериерите ја потврдуваат ведрата природа и оптимизам на сопственикот.
Пастелната нијанса на валкано розевата боја ги освои модните писти, слета на улиците во облик на улична мода, во розеви јакни и патики па се вовлече во нашите простори во облик на розеви ѕидови, мебел и санитарна опрема.
Во продолжение Ви ги претставуваме најдобрите решенија за купатила во модерна розева и боја на праска.